ПРВ.мк
Свет

РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО СМРТНА ЗОНА: ХИВ се шири како епидемија – пораст од 2.000% по инвазијата

РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО СМРТНА ЗОНА: ХИВ се шири како епидемија – пораст од 2.000% по инвазијата
Escape

Нов шокантен извештај открива драматичен скок на ХИВ-позитивни случаи меѓу руските војници – дури 2.000% пораст од почетокот на инвазијата врз Украина. Според аналитиката на „Carnegie Politika“, до крајот на 2022 година бројот на заразени војници бил зголемен 13 пати, а до крајот на 2024 година тој број скокнал 20 пати. Експертите предупредуваат дека последиците ќе бидат трајни и можат да надминат дури и економската и човечката штета од самата војна.

Причините за експлозијата на ХИВ се повеќеслојни: – користење на исти шприцеви во воените болници – трансфузии со несигурна крв – незаштитени сексуални односи – зголемена употреба на дрога меѓу војниците

Извештајот остро ја осудува политиката на Кремљ, наведувајќи дека Русија е една од ретките земји во светот каде бројот на ХИВ-инфекции расте, додека глобално тие паѓаат. Политичките одлуки – во име на „традиционални вредности“ – се директна причина за оваа епидемија, се вели во текстот.

Русија дури и ја забрани фондацијата на Елтон Џон – организација која глобално се бори против СИДА, поддржува ХИВ-позитивни луѓе и работи на намалување на стигмата. Според обвинителството, таа „промовира нетрадиционални сексуални односи и западни вредности“ – што е, според нив, причина за прогласување на организацијата за непожелна.

Фондацијата, која работи во над 90 држави, објави дека е шокирана од руската одлука и посочи дека се бори за пристап до здравство, заштита и еднаквост, а не за политички агенди.

Состојбата со ХИВ во Русија е алармантна. Земјата е на петтото место во светот по нови инфекции, веднаш зад Јужна Африка, Мозамбик, Нигерија и Индија. Аналитичарите предупредуваат: ако Кремљ не ја смени политиката, Русија се соочува со внатрешна здравствена катастрофа.

Mia Home Mavrovo