ПРВ.мк
Свет

Апокалиптична „Црна сабота“: Франција блокирана со колона долга 700 километри

Апокалиптична „Црна сабота“: Франција блокирана со колона долга 700 километри
Escape

Франција денеска го живее најголемиот сообраќаен хаос годинава – колона долга речиси 700 километри се протега на автопатиштата, додека вкупната должина на застојот низ целата земја достигна над 1.050 километри, соопштува BFM TV.

Причина за невидените гужви е т.н. „Црна сабота“ – денот кога милиони Французи заминуваат или се враќаат од летен одмор, а патиштата стануваат бојно поле од стрес, трпение и топлина. Дополнително, две сериозни сообраќајни несреќи на автопатите кои водат кон Медитеранот и Атлантскиот Океан ја влошија ситуацијата, правејќи хаос во сообраќајот.

Според податоците на Bizon Futé, националната служба за следење на сообраќајот, до 7 часот наутро застојот бил над 200 километри, а само три часа подоцна – веќе над 570 километри, со тенденција на зголемување. Властите предупредуваат дека најтешкиот период се очекува околу пладне, кога метежот ќе го достигне својот апсолутен максимум.

Колапсот не е ограничен само на правците кон морето – сообраќајот кон Алпите е исто така критичен, со посебен акцент на тунелот Мон Блан, каде што се бележат задржувања од речиси два часа во правец кон Италија.

Ова е уште една потврда дека француската „Црна сабота“ не е само поетски израз, туку реален кошмар за патниците, кои наместо да уживаат во почетокот на одморот, се соочуваат со километарски застои, вжештени асфалти и тестирање на границите на трпението.

Mia Home Mavrovo