ПРВ.мк
Свет

Европа подготвува нов шок за граѓаните – повторно се отвора прашањето за укинување на летното и зимското сметање на времето

Европа подготвува нов шок за граѓаните – повторно се отвора прашањето за укинување на летното и зимското сметање на времето
Escape

Европската комисија најави дека во 2025 година ќе започне нова студија која треба конечно да ја реши дилемата што ги мачи милиони граѓани секоја пролет и есен – дали конечно ќе се укине поместувањето на стрелките на часовникот.

Оваа одлука доаѓа по барање на една земја-членка, која побара дополнителна анализа на последиците од укинувањето на сезонската промена на времето. Европскиот комесар за транспорт, Апостолос Цикикостас, истакна дека Комисијата веќе работи заедно со Советот на ЕУ и со државите-членки на прецизирање на правните и практичните аспекти кои би произлегле од оваа одлука.

Интересот за оваа тема не е нов – уште во 2018 година, речиси четири милиони граѓани од ЕУ се изјаснија за укинување на летното и зимското сметање. Европскиот парламент ја поддржа реформата во 2019 година и предложи 2021 да биде првата година без промена на времето. Но, пандемијата, Брегзит и – најважно – несогласувањата меѓу државите дали треба трајно да останеме на летно или на зимско сметање ја блокираа реализацијата на оваа иницијатива.

Стравувањата од економски и административен хаос се сѐ уште присутни. Особено чувствителен пример е островот Ирска – доколку Северна Ирска (како дел од Британија) остане со досегашното сметање на времето, а Република Ирска (членка на ЕУ) го укине, тоа би значело дека на еден мал остров ќе има две различни временски зони.

Додека европските лидери се обидуваат да најдат компромис, милиони граѓани остануваат во неизвесност – ќе се будиме ли наскоро секогаш во исто време, или пак уште долго ќе ги менуваме стрелките двапати годишно? Се чини дека одговорот ќе го добиеме дури во 2025.

Mia Home Mavrovo