ПРВ.мк
Економија

Стигна убава вест од власта: Овие граѓани да си ги проверат сметките – започна исплата на социјалните права

Стигна убава вест од власта: Овие граѓани да си ги проверат сметките – започна исплата на социјалните права

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2025 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Септември 2025 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

  • 05.09.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 09.09.2025 – М, Н, Њ, О; П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape