ПРВ.мк
Свет

Руската револуционерна вакцина против рак – надеж за милиони животи, наскоро во клиничка употреба

Руската револуционерна вакцина против рак – надеж за милиони животи, наскоро во клиничка употреба

Русија објави медицински пробив кој може да ја промени историјата на борбата против ракот. Федералната медицинска биолошка агенција (ФМБА) заврши со развој на својата вакцина против рак, која веќе успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за клиничка употреба веднаш по добивањето на лиценца.

„Документите се предадени до Министерството за здравство кон крајот на летото 2025 година. Вакцината е подготвена – чекаме лиценца“, изјави директорката на агенцијата, Вероника Скворцова.

Истражувањата покажале дека вакцината е безбедна за повеќекратна употреба и дека значително ја намалува големината на туморите, го забавува нивниот раст и го продолжува животниот век на пациентите.

Првично, вакцината ќе се користи кај пациенти со колоректален карцином, а паралелно се финализираат и верзии наменети за борба против глиобластом – еден од најагресивните мозочни тумори – како и специфични видови меланом, вклучувајќи и очни мембрани.

Ова е чекор што може да спаси милиони животи ширум светот и да отвори ново поглавје во медицината. Скворцова потсети дека уште во ноември 2024 година најавила персонализиран третман со вакцина против рак, во присуство на претседателот на Русија.

Русија сега чека зелено светло за официјален старт – надежта за нова ера во лекувањето на ракот е поблиску од кога било.

Escape