ПРВ.мк
Црна Хроника

НАЈНОВА ВЕСТ: На пожарникари им изгореа стапалата во пожарот во Виница – се заглавиле во смола од стопен шеќер

НАЈНОВА ВЕСТ: На пожарникари им изгореа стапалата во пожарот во Виница – се заглавиле во смола од стопен шеќер

Синоќа Виница ја доживеа една од најтешките ноќи кога во фабриката „Винчини“ избувна голем пожар кој зафатил три производствени линии и магацини. Во акцијата за гаснење учествуваа екипи од повеќе градови – Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.

Додека се бореле со пламените, неколку пожарникари доживеале вистинска трагедија – стапалата им изгореле откако се заглавиле во стопена смола од шеќер. Чизмите им останале залепени, па биле приморани да газат во жешката смеса, при што добиле тешки изгореници.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот е конечно изгаснат и ставен под контрола. Опожарени се производствените линии 6, 7 и 8, како и два магацини, додека линиите од 1 до 5 се спасени.

Огнот зафати и дел од сончевите панели на покривот, но благодарение на брзата реакција на пожарникарите, спречена е поголема катастрофа. Виница утринава се буди со последици од ноќта на страв и неизвесност, а храбрите пожарникари кои ги ризикуваа своите животи се вистински херои на градот.

Escape