ПРВ.мк
Црна Хроника

Ноќна драма пред МВР: тротинет удри велосипедист и исчезна

Ноќна драма пред МВР: тротинет удри велосипедист и исчезна

Необична сообраќајна несреќа ја потресе Бихаќка рано изутрина околу 01 часот по полноќ, непосредно пред влезот на Министерството за внатрешни работи. Во несреќата учествувале тротинет и велосипед, при што со сериозни телесни повреди во болница заврши велосипедист.

Возачот на тротинетот, наместо да помогне, побегнал од местото на несреќата и сè уште се трага по него. Случајот предизвикува уште поголемо внимание бидејќи само пред неколку дена министерот за внатрешни работи Панче Тошковски јавно се пожали дека и самиот бил на чекор од тоа да биде прегазен од деца кои возеле тротинети без контрола.

Полицијата работи на расветлување на настанот и идентификација на возачот кој избегал.

Escape