ПРВ.мк
Црна Хроника

Страшна сообраќајка: Пет лица повредени, најтешко сопатничка од „поло“

Страшна сообраќајка: Пет лица повредени, најтешко сопатничка од „поло“

Во сериозна сообраќајна несреќа што се случи завчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, пет лица се здобија со повреди, соопшти СВР Скопје.

Несреќата се случила помеѓу патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (41), и „поло“ управувано од А.Ш. (30).

Најтешко повредена е сопатничката од „поло“ возилото, Х.С.Ш., додека возачот А.Ш. и другата сопатничка Ш.Ш. (57) се здобиле со телесни повреди.

Повреди добиле и возачот на „голф“ З.С. и неговиот сопатник Ѓ.Х. (42), кои се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата истражува околностите околу несреќата за да утврди точни причини и одговорности.

Escape