ПРВ.мк
Свет

Нова технологијa ќе им одзема клучеви на постарите возачи – семејствата ќе добиваат аларм

Нова технологијa ќе им одзема клучеви на постарите возачи – семејствата ќе добиваат аларм

„Џенерал моторс“ развива систем што може да стави крај на една од најтешките семејни дилеми – моментот кога постарите лица треба да престанат да возат. Според најновиот патент, автомобилите ќе бидат опремени со технологија која ќе ги следи реакциите, вниманието и заморот на возачите постари од 65 години.

Системот ќе бележи дали возачот правилно ги користи трепкачите, дали ја почитува брзината и сообраќајните правила, па дури и ситуации кога другите учесници во сообраќајот реагираат со свиреж поради грешка.

Новата технологија оди уште подалеку – таа може да собира податоци за здравствената состојба и физичките способности на возачот. Ако детектира проблем, автомобилот не само што ќе го предупреди возачот, туку може да испрати известување до членови на семејството или старателите, објави „CarScoops“.

Доколку се реализира во пракса, овој систем ќе биде првиот чекор кон автоматска проценка на способноста за возење кај постари лица, што може да предизвика бурни реакции, но и да спаси бројни животи.

Escape