Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше по најголемиот руски воздушен напад врз неговата земја досега. Во објава на „Х“ тој истакна дека Москва се обидува со засилени удари да предизвика што поголема болка, но и да ја провери решителноста на меѓународната заедница.
„Ова е јасен знак дека Путин го тестира светот – дали ќе го прифати или ќе го трпи“, порача Зеленски, додавајќи дека поддршката од партнерите мора да биде проследена со конкретни акции: нови санкции против Русија, високи тарифи и ограничувања во трговијата.
Зеленски нагласи дека руските економски проблеми и недостигот на гориво се доказ дека Кремљ се плаши од вистински преговори и свесно избегнува прекин на огнот. „Нивните загуби мора да се почувствуваат“, додаде тој.