Денеска, 6 септември 2025 година, полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран за гасење на пожар во Берово. Во текот на 24 налети, хеликоптерот исфрли повеќе од 36 тони вода врз огнената стихија, со што значително придонесе за запирање на ширењето на пожарот.
Активностите на полициските хеликоптери ќе продолжат и во наредните денови, се додека пожарите на територијата на целата држава целосно не бидат изгаснати, со цел заштита на луѓето, животната средина и имотот.
Видео: