ПРВ.мк
Македонија

Дарко Панчев слави 60 години – Маја и ќерките испратија пораки што ќе ве растажат и насмеат во исто време

Дарко Панчев слави 60 години – Маја и ќерките испратија пораки што ќе ве растажат и насмеат во исто време

Македонската фудбалска икона Дарко Панчев денес го слави својот 60-ти роденден, јубилеј кој го означува животот и кариерата на еден од најголемите спортисти од нашата земја. По тој повод, неговата сопруга, познатата пејачка Маја Гроздановска Панчева, на социјалните мрежи му испрати емотивна честитка:

„Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија, и најпознат Македонец во светот... Да си ни жив и здрав“, напиша Маја, која со години му е најголема поддршка.

Панчев остави незаборавен белег во историјата на југословенскиот и европскиот фудбал. Како дел од легендарната генерација на Црвена Звезда, тој беше најдобар стрелец во Европа во 1991 година и добитник на престижната „Златна копачка“, а со Звезда го освои Купот на европските шампиони.

Покрај спортските достигнувања, Панчев и Маја се еден од најхармоничните јавни парови во Македонија, препознатливи по меѓусебната почит, поддршка и љубов.

Нивните ќерки, Надица и Марија, не ја пропуштија можноста да му честитаат на таткото кој за нив е повеќе од фудбалска ѕвезда – тој е пример, херој и најважен маж во нивните животи. „Среќен роденден, татичко, уште многу долго да живееш, се смееш и да продолжиш да ја шириш позитивната енергија како и секогаш. Те сакам,“ напиша Надица. Марија кратко и јасно му порача: „Среќен роденден, легендо.“

Дарко Панчев, човекот кој ги бранеше боите на Македонија и го прослави нашето име низ целиот свет, денес е горд татко, сопруг и инспирација за генерации.

Escape