ПРВ.мк
Македонија

Денес се празнува Светиот апостол Тит

Денес се празнува Светиот апостол Тит

Денес православната црква го празнува споменот на Светиот апостол Тит, еден од седумдесетте апостоли. Роден е на островот Крит, каде уште од младост бил воспитан во духот на грчката поезија и философија. Но неговиот пат се променил кога почнал да го чита Пророкот Исаија – тогаш се посомневал во елинската мудрост и почнал да ја бара вистинската светлина.

Токму тоа барање го довело во Јерусалим, каде заедно со група Критјани лично ги слушнал зборовите на Господ Исус Христос и бил сведок на Неговите чуда. Од тој момент срцето на Тит целосно му се предало на Христос. Подоцна бил крстен од апостол Павле и му станал верен соработник, служејќи му како на татко.

Апостол Павле го нарекувал Тит „син“ и „брат“, што говори за нивната длабока духовна врска. Заедно патувале и ја ширеле верата, а токму од Павле, Тит бил поставен за епископ на Крит.

Кога апостол Павле страдал во Рим, Тит бил до него, а потоа со голема чест го погребал телото на својот духовен учител. По враќањето на Крит, продолжил со својата мисија: крштевал многу незнабошци и мудро ја раководел Црквата, оставајќи траен белег во историјата на христијанството.

Се упокоил во 94-тата година од својот живот, исполнет со вера, посветеност и љубов кон Божјото дело.

Escape