На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа возило што влече животно по пат, за кое не е јасно дали е изнемоштено или веќе мртво.
Снимката, според информациите што ги добивме од читатели, е направена во околината на Дебар.
Објавата предизвика бурни реакции кај јавноста, а корисниците бараат надлежните институции итно да го расветлат случајот и да се утврди идентитетот на лицата вклучени во овој чин.
Настанот отвора сериозни прашања за односот кон животните и потребата за посериозни мерки против вакви форми на суровост.