ПРВ.мк
Македонија

НОВ ЗЕМЈОТРЕС ГО ЗАТРЕСЕ РЕГИОНОТ -еве каде беше епицентарот

НОВ ЗЕМЈОТРЕС ГО ЗАТРЕСЕ РЕГИОНОТ -еве каде беше епицентарот

Синоќа, во 20:39 часот, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија регистрирала нов земјотрес. Податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје покажуваат дека епицентарот на потресот се наоѓал во кичевското подрачје, на околу 75 километри југозападно од главниот град.

Магнитудата на земјотресот изнесувала 2.7 степени според Рихтеровата скала, а потресот бил почувствуван во Кичево, Охрид и околината. Интензитетот во овие места се движел околу III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека бил слаб, но доволно забележлив за населението.

Од Сеизмолошката опсерваторија додаваат дека засега нема информации за материјални штети или повредени лица. Земјотресот се смета за дел од редовната сеизмичка активност во регионот, кој е познат по својата подложност на вакви појави.

Escape