ПРВ.мк
Црна Хроника

(Видео) Катастрофа во Виница: Огромен пожар ја проголта фабриката „Винчини“, штетата до 50 милиони евра

(Видео) Катастрофа во Виница: Огромен пожар ја проголта фабриката „Винчини“, штетата до 50 милиони евра

Голем пожар избувна во фабриката „Макпрогрес“, позната по брендот „Винчини“, предизвикувајќи огромна материјална штета која се проценува во десетици милиони евра. Во моментот, огнот го зафатил еден погон, а локалните винички пожарникари, со помош на колеги од Кочани, се борат да го спречат ширењето на пламенот кон останатите погони.

На терен се приклучиле и пожарникари од Штип, Св. Николе, Струмица и Пробиштип, со цел да се намали разорниот ефект од огнената стихија. Според информации од Инфомакс, штетата во фабриката се проценува на десетици милиони евра, а неконзервативни проценки ја наведуваат бројката и до 50 милиони евра.

Неофицијално, речиси целата фабрика била зафатена од пожарот, но за среќа нема информации за повредени лица. Пожарникарите продолжуваат со интервенцијата, додека се прават напори за заштита на преостанатите делови од објектот.

Видео:

Escape