Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ја споделија најубавата вест – на свет пристигна нивната ќеркичка Арија, а социјалните мрежи веќе се преплавени со емоции поради првата фотографија од бебето.
На трогателната слика може да се види како малечката рака нежно ја држи мајчината, сцена што го освои срцето на сите нивни обожаватели. Со овој гест, пејачката откри едно од најсреќните и најзначајните искуства во нејзиниот живот – мајчинството.
Александра се породила на приватна клиника во Белград нешто по 15 часот. Пороѓајот поминал во најдобар ред, а и мајката и бебето се чувствуваат одлично. Само неколку часа по раѓањето, пејачката се огласи на Инстаграм со емотивни зборови: „Животот ни подари сè“.
Филип бил со неа цело време и лично ја придружувал до болницата, а радоста што ја чувствуваат младите родители ја пренесоа и на своите најблиски. Мајката на Филип, Зорица, преку Инстаграм откри дека малата Арија се родила со тежина од 3 килограми и 300 грама.
Веста предизвика голема радост меѓу нивните фанови, кои веднаш ја преплавија мрежата со честитки и пораки полни со љубов. Нема сомнеж дека Арија ќе расте опкружена со внимание и семејна топлина, а оваа прва фотографија ќе остане симбол на еден од најсреќните моменти во животот на Пријовиќ и Живојиновиќ.