Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува намалување на инфлацијата во следниот период, со можност наредната година таа да се движи помеѓу 2 и 3 проценти. Тој истакна дека првпат по многу месеци, базичната инфлација и цените на прехранбените производи бележат негативен месечен тренд, што значи дека се намалуваат.
Мицкоски истакна дека споредбата со соседните земји од ЕУ покажува поволен тренд за Македонија: Хрватска бележи инфлација од 4,6%, а Романија 6,8% во август. Премиерот додаде дека се подготвуваат мерки за стабилизирање на цените на прехранбените производи и дека инспекциските служби веќе преземаат активности за нивно следење.










