ПРВ.мк
Свет

ТЕНЗИИТЕ РАСТАТ: Руски пратеник ѝ се закани на членка на НАТО – „Можеме да ви уништиме половина држава“

ТЕНЗИИТЕ РАСТАТ: Руски пратеник ѝ се закани на членка на НАТО – „Можеме да ви уништиме половина држава“

Руски пратеник упати остри закани кон Финска, предупредувајќи дека Москва располага со доволно воена моќ за „да уништи половина од земјата“. Изјавата доаѓа само еден ден откако Финска најави партнерство со американската компанија „Локхид Мартин“ за изградба на првиот европски центар за одржување на повеќецевни ракетни системи.

Алексеј Журављов, заменик-претседател на Комитетот за одбрана во руската Дума, ја обвини Финска дека со својата политика се претвора во „втора Украина“ и дека намерно ја провоцира Русија.

„Ние нема да наседнеме на провокациите, но ќе ја засилиме одбраната на тој дел од границата. Ве уверувам дека веќе имаме доволно воена техника за да разнесеме половина Финска“, изјавил Журављов за руски медиуми.

Односите меѓу двете земји значително се влошија откако Финска во 2023 година се приклучи на НАТО, напуштајќи ја долгогодишната политика на воена неутралност. По руската инвазија врз Украина, Хелсинки дополнително ја зајакна соработката со западните сојузници, а границата со Русија останува затворена поради безбедносни причини.

Во меѓувреме, Финска неодамна усвои закон со кој се дозволува присуство и транспорт на нуклеарно оружје на нејзина територија во рамки на сојузничката одбрана, мерка што ќе стапи во сила од 1 јули. Русија, пак, продолжува да го зголемува военото присуство долж границите со земјите-членки на НАТО, што дополнително ги зголемува тензиите во регионот.

Најнови вести