Автобус што превезувал патници кои се враќале од Хвар излетал од автопатот во близина на Бачка Топола во раните утрински часови. Во несреќата се повредени вкупно 12 лица, од кои седум потешко, но за среќа нема загинати.
Несреќата се случила околу осум часот наутро, кога автобусот што се движел од правец на Нови Сад кон Хоргош, од засега непознати причини изгубил контрола, излетал од коловозот и завршил во одводен канал покрај патот.
Според неофицијални информации, во автобусот имало 17 патници кои тргнале од Хвар претходниот ден околу 16:30 часот. Патувањето требало да заврши во Суботица, но трагедијата се случила само неколку десетици километри пред нивната крајна дестинација.
Повредените веднаш биле пренесени во Општата болница во Суботица, каде им била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите, едно лице итно е транспортирано во Клиничкиот центар во Белград.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а истрагата треба да утврди како дошло до губење на контролата над возилото и кои се точните причини за излетувањето од патот.








