Вистинска драма се случила на мал фудбалски турнир во Сплит, каде 34-годишен маж се здобил со тешки повреди опасни по живот откако паднал по конфликт на трибините. Поради скршеница на черепот, лекарите во болницата со часови се бореле за неговиот живот.
Инцидентот се случил за време на натпревар избувнала расправија меѓу присутните на трибините. Според првичните информации, дошло до туркање, по што 34-годишникот паднал од трибините кон работ на теренот и силно ја удрил главата.
На местото веднаш пристигнала Итната медицинска помош, која го пренела повредениот во болница. Лекарите констатирале скршеница на черепот и тешки телесни повреди опасни по живот. Според последните информации, неговата состојба е стабилизирана и повеќе не е во животна опасност.
Полицијата веднаш го уапсила 25-годишниот осомничен, за кого постои сомнение дека учествувал во инцидентот. Против него е покрената истрага, а натамошната правна постапка ќе зависи и од конечната медицинска оценка за повредите на 34-годишниот маж.
Според очевидци, постои и видео од настанот на кое се гледа како повредениот двапати паѓа наназад и со голема сила ја удира главата, што дополнително ја покажува сериозноста на несреќата.








