Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со нова AI-фотографија објавена на неговата социјална мрежа Truth Social. На сликата, американскиот претседател е прикажан како ја носи планетата Земја на грбот, додека е огрнат со американското знаме.
Фотографијата, која е генерирана со помош на вештачка интелигенција, брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции – од поддршка и восхит до критики и потсмев.
Ова не е првпат Трамп да објавува AI-содржини што предизвикуваат внимание. Претходно сподели видео во кое јава камила низ пустина, како и AI-снимка на американската војска во судир со иранските сили во Ормутскиот теснец.
Една од неговите најконтроверзни објави беше и AI-фотографија на која беше прикажан како Исус Христос, која подоцна беше избришана по бурните реакции во јавноста. Трамп тогаш изјави дека ја објавил сликата мислејќи дека го претставува како „доктор“.
Новата AI-фотографија повторно отвори дебата за користењето на вештачката интелигенција во политичката комуникација и начинот на кој ваквите објави влијаат врз јавноста.






