Регулаторната комисија за енергетика објави нова одлука за цените на горивата. Од полноќ, бензините ЕУРОСУПЕР 95 и 98, како и дизелот, ќе продолжат да се продаваат по стара цена – 75,5 денари за 95-ка, 77,5 денари за 98-ка и 69,5 денари за литар дизел.
Сепак, дел од дериватите поскапуваат – екстра лесното масло за домаќинства оди нагоре за 0,5 денари и сега ќе чини 69,5 денари по литар, додека мазутот бележи зголемување од 0,644 денари и ќе се продава за 37,591 денари за килограм.
Промената доаѓа поради светските ценовни движења и поскапувањето на доларот, објаснуваат од РКЕ.