Минималните трошоци за живот на четиричлено семејство во јуни 2025 година се зголемиле за 790 денари во споредба со мај, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според нивните пресметки, вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 64.698 денари, а ако семејството плаќа кирија за стан од 60 квадрати – вкупниот трошок достигнува 80.073 денари.
Најголем дел од порастот доаѓа од цените на храната и пијалоците, каде има зголемување од 733 денари, што значи дека едно семејство месечно троши 23.167 денари само за основни намирници.
ССМ предупредува дека по завршувањето на владините мерки за замрзнување на цените, синдикалната кошница за само два месеци е зголемена за 2.007 денари, а кај храната и пијалоците – за 1.678 денари.