ПРВ.мк
Македонија

НОВ БРАН ПРИСТИГА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве какво време не очекува викендов

НОВ БРАН ПРИСТИГА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве какво време не очекува викендов

Најавениот фронтален бран веќе пристигна во северниот дел од Македонија, вклучувајќи го и Скопје, каде што започнаа врнежи од дожд, информира метеорологот Славчо Попоски. Следува викенд со посвежо време, намалени температури и северен ветер.

Во сабота и недела (21 и 22 јуни), времето ќе биде претежно сончево со умерена облачност, но под влијание на постабилна и посвежа воздушна маса од север и североисток.

🔹 Утринските температури ќе се движат од 7 до 17°C, а во Скопје ќе се спуштат до 13/14°C 🔹 Дневните температури ќе достигнуваат од 25 до 32°C, што е опаѓање од 3 до 4 степени во однос на денешните

Повремено ќе дува и засилен северен ветер, кој дополнително ќе го засили чувството на свежина.

Сподели го овој напис