Полициски службеници од ОВР Дебар лишија од слобода 64-годишен жител на село Долно Косоврасти поради сомнение за кражба. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени четири пластични канти со по 20 литри нафта и шест канти со по 6 литри моторно масло, како и други предмети за кои постои сомнение дека се стекнати од кривично дело „тешка кражба“ според член 236 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот, против лицето Б.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Секторот за внатрешни работи – Охрид.