ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Иранскиот напад врз Израел: Хаифа погодена, неколку ракети пробија одбраната

(ВИДЕО) Иранскиот напад врз Израел: Хаифа погодена, неколку ракети пробија одбраната

Се појавија снимки на социјалните мрежи од моментите кога иранските ракети го погодиле израелскиот град Хаифа, вклучувајќи и самиот центар на градот.

Според информациите, најголемиот дел од видеата се од Хаифа, каде што се погодени важни градски инфраструктури. Локалните медиуми известуваат дека ракетните напади биле насочени низ целата земја — освен Хаифа на север, погоден е и јужниот град Бер Шева, како и областа околу Ерусалим, каде што бил пријавен барем еден директен удар.

Овој напад е одговор на претходните израелски воздушни напади врз ирански цели. Исламската револуционерна гарда (ИРГК) лансирала најмалку 20 балистички ракети кон израелска територија.

Ситуацијата останува напната, а нападите ја зголемуваат нестабилноста во регионот.

ВИДЕО

Сподели го овој напис