Просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија во април 2025 година изнесувала 45.452 денари, што претставува зголемување од 10,6% во споредба со април 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Најголем придонес за растот имаат секторите:
- Здравствена и социјална заштита со пораст од 14,7%
- Образование со пораст од 14,4%
- Административни и помошни услужни дејности со пораст од 13%
Во споредба со март 2025, забележан е раст на платите во:
- Информации и комуникации: +4,2%
- Административни услуги: +3,9%
- Здравство и социјална заштита: +3,8%
Истовремено, просечната бруто-плата за април достигна 68.294 денари.