Следната недела во Штип ќе се одржи вториот концерт посветен на Тоше Проески, кој ветува уште поголеми музички доживувања од минатогодишниот. На 21 август, во Домот на млади, концертот ќе започне во 20:00 часот и ќе собира повеќе од 18 учесници, како и неколку истакнати гости од Балканот.
За најавата на концертот, денеска во 19:30, околу 40 гитаристи од штипската едносмерка ќе изведат нумери од Тоше Проески, создавајќи атмосфера и возбудување пред самиот настан. Организаторите најавуваат дополнителни изненадувања, кои ќе го направат ова издание уште поимпресивно и емоционално за сите присутни.
„На 21 август ќе се одржи вториот по ред концерт за Тоше, кој планираме да го направиме традиционален, бидејќи минатогодишното издание беше одлично. Денес, во 19:30, гитарската поворка ќе го најави концертот со околу 40 гитаристи, а со тоа ќе се подигне атмосферата за самото шоу следната недела. Чекаме и потврда од уште неколку гости од Балканот“, изјави Стаменков, организатор на настанот.
Влезниците за концертот ќе чини 300 денари. Минатата година настанот привлече бројни посетители кои со емоции и спомени се присетија на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, кој трагично загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, оставјќи зад себе незаборавни хитови кои и денес се пеат со љубов и почит.