ПРВ.мк
Македонија

Утре започнува Богородичниот пост – сè што треба да знаете за правилата и обичаите

Утре започнува Богородичниот пост – сè што треба да знаете за правилата и обичаите

Богородичниот или Успенски пост започнува еден месец по празникот на светите апостоли Петар и Павле, и претходи на големите празници Преображение Господово и Успение на Божјата Мајка, познат и како Голема Богородица. Постот трае две недели, од 14/1 август до 27/14 август.

За разлика од Великиот и Петровденскиот пост, Успенскиот не започнува секогаш во понеделник, туку може да започне во кој било ден од седмицата. Иако не е толку строг како Великиот пост, тој е построг од Петровденскиот и Божиќниот.

Црковниот типик пропишува: од понеделник до петок се консумира храна без масло, а за време на сабота и недела се дозволува вино и масло. До празникот Преображение Господово, кога се осветува грозјето во храмовите, се препорачува воздржување од тој плод. На самиот празник, според црковниот обичај, се дозволува и консумација на риба.

Овој пост е можност за духовно прочистување, посветеност и приближување кон традицијата и верските обичаи на македонскиот народ.

Ask ChatGPT

Escape