Малолетник од скопското село Студеничани е лишен од слобода откако бил затекнат како управува патнички автомобил без да поседува возачка дозвола.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 19 јули 2026 година околу 01:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле сообраќајна контрола во селото Студеничани, при што сопреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.
При проверката било утврдено дека возилото го управувал малолетник, кој не поседувал возачка дозвола.
По документирањето на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, кој се однесува на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.







