Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случила вчера околу 17:10 часот на магистралниот пат меѓу Гостивар и Кичево, информираат од полицијата. Во судирот учествувале патничко возило „пежо“ со гостиварски таблички, управувано од 34-годишниот Н.С. од маврвското село Маврово, и „опел астра“ со скопски ознаки, управувано од 63-годишниот Ѓ.П. од Скопје.
Од силината на ударот, возачот на „опел астра“, Ѓ.П., здобил повреди од кои починал на самото место, а смртта официјално ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Возачот на „пежото“, пак, поминал со тешки телесни повреди и бил итно пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за да му биде укажана неопходната медицинска помош.
На местото на несреќата извршен е детален увид од страна на екипа на ОВР Гостивар и надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар. По нивна наредба, телото на загинатиот е предадено на обдукција, а се работи на утврдување на точните причини кои доведоа до оваа трагедија.










