ПРВ.мк
Црна Хроника

ВИДЕО ПРЕДИЗВИКА БУРА: Странци ловат дивокози во Маврово, па им ја пијат крвта

ВИДЕО ПРЕДИЗВИКА БУРА: Странци ловат дивокози во Маврово, па им ја пијат крвта

Видео објавено на Јутјуб, на кое се гледаат странски ловци како ловат балкански дивокози во македонските планини, предизвика реакции во јавноста и од еколошката организација „Еко-свест“.

На снимката се гледаат ловци вооружени со пушки со оптички нишани, кои по отстрелот на дивокоза земаат крв од животното и ја пијат. Во видеото се наведува дека ловот се одвива во Македонија, а во еден дел може да се забележи и возило со ознаки на Националниот парк „Маврово“.

Од Националниот парк „Маврово“, сепак, тврдат дека не станува збор за незаконски лов. Директорот Харис Ибраими за „360 степени“ изјавил дека се работи за санитарен отстрел кој се спроведува согласно Програмата за одгледувачки мерки и со одобрение од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство.

Според неговото објаснување, ваквиот отстрел се врши за следење на здравствената состојба на дивечот, а ловците низ националниот парк се движат во присуство на претставници на паркот. Ибраими посочил дека лицата прикажани на видеото се членови на шпанско ловно друштво, а примероци од отстреланиот дивеч се испраќаат на ветеринарни проверки.

Од „Еко-свест“, од друга страна, предупредуваат на нерешени прашања околу правниот статус и управувањето со Националниот парк „Маврово“. Организацијата бара да заврши постапката за репрогласување на паркот, да се донесе нов План за управување и управувањето да биде усогласено со научните наоди и обврските за заштита на природата.

„Еко-свест“ и уште 21 граѓанска организација бараат и исполнување на меѓународните обврски на државата, вклучително и препораките поврзани со Бернската конвенција.


Видео: