Уште една трагедија ја потресе Македонија. Во раните утрински часови, на 12.12.2025 околу 00:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајдено безживотното тело на 25-годишниот Е.Р. од Скопје.
Според информациите, лекар од Итната медицинска помош само можел да констатира смрт – без видливи траги на насилство. Момчето било пронајдено под околности кои будат сомнежи, а случајот веднаш бил преземен од увидна екипа на СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција која треба да ги утврди точните причини за смртта. Надлежните институции засега не откриваат повеќе детали, а истрагата продолжува.
Трагичната вест остави многумина во шок и само ги отвори прашањата за тоа како и зошто младиот човек го загубил животот. Семейството и пријателите очајно го чекаат извештајот од обдукцијата за да дознаат што точно се случило.
















