ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) МВР објави снимки од местото каде е закопано телото на убиената жена!

(ВИДЕО) МВР објави снимки од местото каде е закопано телото на убиената жена!
Kristal

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М. (53) од с. Неготино, општина Врапчиште, за убиство по член 123 од Кривичниот законик, информира МВР.

Жртвата, Х.А. (53) од с. Равен, гостиварско, била пријавена за исчезната на 09.12.2025 од страна на својот син Ј.М. (34). Безбедносните камери покажале дека на 07.12.2025 таа влегла во патничко возило „фиат“ и потоа била недостапна на телефон. Исто така, на снимките се забележало дека С.М. ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 пребарувал во куќата на семејството и одзел пари од неговата соба.

На 11.12.2025, С.М. бил лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него. Проверките на видео записи покажале дека пријавениот дал лажен исказ, а листингот на повици потврдил дека Х.А. последен пат контактирала со него на 07.12.2025.

Со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на С.М., при што била лишена од слобода и неговата сопруга Ѓ.В. (48). Таа признала дека С.М. ја убил Х.А. со пиштол и го посочила местото каде е закопана.

Полициските службеници, во присуство на јавен обвинител, извршиле увид на местото во атарот на село Неготино, каде било пронајдено телото. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

ВИДЕО

FixCredit
Escape