ПРВ.мк
Македонија

МАСОВНО АПСЕЊЕ: МВР ги чисти нелегалните казина – голем број приведени!

МАСОВНО АПСЕЊЕ: МВР ги чисти нелегалните казина – голем број приведени!
Kristal

Во доцните часови синоќа, полицијата спроведе голема акција во Скопје, насочена кон нелегалните казина. За време на претресите, пронајдени беа поголеми парични средства, маси за покер, чипови, карти, како и прашкаста и растителна материја за која постои сомнение дека е наркотична дрога.

Во рамки на акцијата, голем број лица беа лишени од слобода и се преземаат мерки за нивно изведување пред надлежното јавно обвинителство.

Од МВР најавуваат дека оваа акција е само почеток од серија мерки за сузбивање на нелегалното коцкање и заштита на граѓаните. Дополнителни информации ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата.

FixCredit
Escape