ПРВ.мк
Македонија

ЛОКАЛЕН ДИЛЕР ИЛИ НЕШТО ПОВЕЌЕ: Пронајдени дрога и автоматско оружје - полицијата со детали!

ЛОКАЛЕН ДИЛЕР ИЛИ НЕШТО ПОВЕЌЕ: Пронајдени дрога и автоматско оружје - полицијата со детали!
Kristal

Во текот на претрес во домот на едно лице во селото Орашје, Тетовско, полицијата пронајде автоматско огнено оружје, муниција и дрога, што веднаш го доведе сопственикот во центарот на истражната постапка.

Пронајдената опрема вклучува автоматска пушка, две рамки со 22 куршуми и дополнителни 78 куршуми со непознат калибар, кои според законот се забранети за граѓаните. Полицијата исто така откри околу 10 грама марихуана, дигитална вага и дробилка со траги од наркотична дрога.

Јавниот обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и неовластено држење и тргување со оружје и експлозивни материи.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз постапката и ризик од повторување на делото, до судот е поднесен предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Полицијата апелира до граѓаните да соработуваат и да пријавуваат нелегално оружје и дрога.

FixCredit
Escape