Бебе на возраст од само осум дена било донесено вчера во Детското одделение на прилепската болница „Борка Талески“ без знаци на живот, соопшти СВР Битола.
Според информациите, случајот бил пријавен на 11.12.2025 во 08:35 часот. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Од Обвинителството наведуваат дека резултатите од вештиот наод ќе дадат точни информации за причините за трагичниот настан. За случајот е известен и Центарот за социјални работи во Прилеп.
Родителите го нашле бебето починато кога се разбудиле. Мајката има уште две деца – едно од 17 месеци и едно тригодишно, а ова било нејзино трето дете.
















