ПРВ.мк
Црна Хроника

УЧИЛИШТЕТО ПРИЈАВИЛО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: 11-годишна ученичка била малтретирана од мајка си!

УЧИЛИШТЕТО ПРИЈАВИЛО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: 11-годишна ученичка била малтретирана од мајка си!

Случај на семејно насилство врз 11-годишно девојче во Охрид бил пријавен во полицијата откако од основното училиште во кое учи ученичката ги известиле надлежните за случувањето.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, девојчето било физички малтретирано од својата мајка во семејниот дом.

Случајот бил пријавен на 18 ноември, во 11:30 часот, во Секторот за внатрешни работи Охрид, откако училиштето се обратило до полицијата.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.