Во два одвоени случаи на семејно насилство, полицијата приведе двајца мажи кои се осомничени дека физички ги нападнале своите синови.
Првиот случај е регистриран во Струмица, каде што 54-годишен жител на струмичко село бил уапсен откако, според пријавата, во семејниот дом физички го нападнал својот 26-годишен син. Осомничениот е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител.
Ден претходно, сличен инцидент се случил и во Крива Паланка. Полицијата го лишила од слобода 55-годишниот Б.Р., кој, според МВР, физички го нападнал својот син.
По целосното документирање на двата случаи, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.










