ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор сред бел ден во Скопје: Тројца го претепале и ограбиле кај Градски парк

Хорор сред бел ден во Скопје: Тројца го претепале и ограбиле кај Градски парк

33-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат и ограбен од три лица во близина на Градскиот парк во Скопје.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера околу 14:55 часот на кејот на реката Вардар. Напаѓачите најпрво физички го нападнале, а потоа му одзеле мобилен телефон и други лични предмети.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 19:25 часот, а полицијата презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на настанот.