Трагична сообраќајна несреќа се случила утринава околу 5:45 часот на влезот во ресенското село Брајчино, кога 44-годишниот В.Т. од соседниов село Љубојно го загуби животот откако изгубил контрола над својот мотоцикл и излетал од коловозот.
Од силината на ударот и здобиените повреди, мотоциклистот починал на самото место на несреќата, а лекарите од Итната медицинска помош кои излегле на терен можат само да ја констатираат неговата смрт.
Полициска екипа од ОВР Ресен извршила увид на местото на настанот за да ги утврди причините за излетувањето, додека по насока на надлежниот јавен обвинител










