ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГИЧЕН КРАЈ: Македонката Милена Витанова убиена од својот сопруг – ова е неговиот идентитет!

ТРАГИЧЕН КРАЈ: Македонката Милена Витанова убиена од својот сопруг – ова е неговиот идентитет!

Страшен и шокантен случај на семејно насилство ја потресе италијанската Пјаченца, откако 55-годишна жена со македонско потекло, Милена Витанова, била пронајдена мртва во својот стан на периферијата на градот, со повеќе убодни рани нанесени со остар предмет.

Според информациите објавени од италијанските медиуми, драмата започнала околу 15:30 часот, кога нејзиниот сопруг, исто така Македонец, Хако Витанов, наводно телефонски признал дека ја убил сопругата и веднаш потоа побегнал од местото на настанот.

На местото брзо пристигнале карабинери, пожарникари и екипи на Итната медицинска помош. Станот бил заклучен, поради што пожарникарите морале да влезат преку балкон, каде што затекнале вознемирувачка сцена – телото на жената лежело без знаци на живот.

Првичните полициски сознанија укажуваат дека жртвата имала повеќе убодни рани, како и тешки повреди на главата. Во близина на телото бил пронајден нож, за кој истражителите се сомневаат дека е користен во нападот.

Дополнителен шок во случајот предизвикува информацијата дека осомничениот бил пронајден неколку часа подоцна на гробот на нивниот син Методиј, кој починал пред неколку години. Полицијата веднаш го привела и тој е ставен под истрага, додека се утврдуваат сите околности и можните мотиви за убиството.

Во моментот на трагедијата, децата на семејството не биле во станот и според информациите се наоѓаат на безбедна локација.

Случајот предизвика силен шок во Пјаченца и меѓу македонската заедница во Италија, каде што овој настан се доживува како уште еден брутален пример на семејно насилство со фатален исход.