Тешка сообраќајна несреќа во Албанија однесе два човечки живота, меѓу кои и животот на Малтина Ферати од Тетово.
Несреќата се случила денеска, 14 ноември, околу 10:15 часот, во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер, на патот Арбри.
Според првичните информации од албанската полиција, дошло до директен судир меѓу два патнички автомобила, управувани од 42-годишен и 45-годишен возач.
Во силниот судир загинале 42-годишниот Бледијан Османи, кој управувал со едното возило, и Малтина Ферати од Тетово, која била сопатничка во другиот автомобил.
Уште пет лица биле пренесени во болница, каде што им била укажана медицинска помош и биле извршени потребните прегледи.
На местото на несреќата пристигнале полициски и истражни екипи, кои извршуваат увид и работат на утврдување на точните околности под кои дошло до судирот.
Засега нема официјални информации за причините за несреќата, ниту за степенот на повредите на останатите пет лица.










