ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 24-годишно момче пронајдено починато, телото предадено на обдукција!

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 24-годишно момче пронајдено починато, телото предадено на обдукција!

Трагичен случај е регистриран во Скопје, откако 24-годишен жител на главниот град бил пронајден без знаци на живот во својот семеен дом во населбата Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, на 4 јули 2026 година во 12:50 часот, во СВР Скопје било пријавено од Итната медицинска помош дека во семејниот дом починал М.Ц. (24) од Скопје.

Како што е наведено во полициското соопштение, според првичните информации, младиот скопјанец имал здравствени проблеми. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар ја констатирал смртта.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со обдукцијата треба да се утврдат точните причини за смртта, по што се очекуваат повеќе информации за случајот.

Надлежните институции продолжуваат да постапуваат согласно законските процедури, а по завршувањето на сите потребни вештачења ќе биде познато што точно довело до трагичниот исход.

Најнови вести