ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Познатата планинарка го загуби животот - ова е бројот на повредени!

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Познатата планинарка го загуби животот - ова е бројот на повредени!

Триесет и шестгодишната Антонија Михаилеску, искусна алпинистка и стоматолог од Букурешт, загина на 11 јули при искачување на планината Бучеги во Романија, откако безбедносното сидриште попуштило и четворица алпинисти паднале од височина од околу 12 метри.

Несреќата се случила за време на спуштање по рутата Албишоара Бранеј. Четворицата биле поврзани со едно јаже, меѓу нив и лиценциран инструктор. По уривањето на сидриштето, сите паднале на карпите под нив.

Антонија Михаилеску починала на местото на несреќата од тешките повреди, додека тројца мажи на возраст од 26 до 51 година се здобиле со сериозни повреди.

Во спасувачката акција, која е оценета како една од најсложените во поновата историја на Романија, учествувале четири хеликоптери, меѓу кои и „Блек Хок“ од Букурешт, како и летало на службата СМУРД, заедно со копнени спасувачки екипи. Акцијата била дополнително отежната поради непристапниот терен и временските услови.

Надлежното обвинителство отвори истрага за причините за несреќата. Се проверува дали станува збор за неправилно поставено сидриште или за евентуален дефект на опремата.

Стручњаците потсетуваат дека при алпинистичките искачувања треба да се користат најмалку две независни сидришта, за да се намали ризикот доколку едното откаже.

Антонија Михаилеску беше позната по својата страст кон планинарењето. Таа претходно се искачила на врвот Ухуру на Килиманџаро, стигнала до базниот камп на Монт Еверест и совладала повеќе технички рути во Перу.