ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 14-годишно девојче почина по пад од лулашка во парк!

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 14-годишно девојче почина по пад од лулашка во парк!

Тешка трагедија го потресе Гостивар, откако 14-годишно девојче од Кавадарци го загубило животот по пад од лулашка во еден од парковите во градот.

Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 9 јули во 20:20 часот, откако од Медицинскиот центар во Гостивар било известено дека во установата било донесено малолетно девојче без знаци на живот.

Станува збор за Ш.Н. (14) од Кавадарци, која во тој период престојувала во Гостивар. Според првичните информации, девојчето претходно паднало од лулашка додека се наоѓало во парк, по што веднаш било пренесено во болница за укажување медицинска помош.

И покрај напорите на лекарскиот тим, состојбата на девојчето била критична, а во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт.

За случајот бил известен јавен обвинител, кој дал насоки за понатамошно постапување. По наредба на обвинителството, телото на починатата било предадено на обдукција, која треба да покаже кои се точните причини што довеле до трагичниот исход.

Надлежните институции продолжуваат со утврдување на сите околности околу несреќата, вклучително и начинот на кој дошло до падот. По завршувањето на проверките и обдукцијата се очекуваат повеќе информации за случајот.