ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Шест деца и нивната мајка повредени, две деца се борат за живот

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Шест деца и нивната мајка повредени, две деца се борат за живот

Шест малолетни деца и нивната мајка се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патот меѓу Алибунар и Селеуш во Србија. Две од децата се здобиле со тешки повреди опасни по живот.

Според соопштението на Основното јавно обвинителство во Панчево, несреќата се случила на 20 септември околу 00:30 часот.

Со автомобил „Опел Астра“ управувал 43-годишниот татко на децата, а во возилото се наоѓале неговата сопруга и нивните шест малолетни деца.

Од Обвинителството наведуваат дека кај возачот биле измерени 1,70 промили алкохол, а се сомничи дека возел и со брзина која не била приспособена на условите на патот. Тој изгубил контрола над автомобилот, по што возилото излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата биле повредени седум лица. Кај петмина биле констатирани полесни телесни повреди, додека две малолетни деца се здобиле со тешки повреди опасни по живот.

По налог на дежурниот јавен обвинител, на 43-годишниот возач му е одредено задржување до 48 часа, по што треба да биде изведен пред надлежниот обвинител на сослушување.