Академската заедница остана без проф. д-р Александар Чавлески, за чија смрт информираше Сафер Цаноски.
Цаноски се прости од професорот со емотивна објава, истакнувајќи дека станува збор за еден од најпринципиелните и најдостоинствените професори, кој оставил длабока трага со своето знаење, чесност и професионален интегритет.
Според неговата објава, проф. д-р Чавлески оставил значајно влијание и врз многу генерации студенти.
„Искрено сочувство до семејството и најблиските. Почивај во мир драг Чавле“, напиша Цаноски.










