ПРВ.мк
Црна Хроника

ПАДНА НА ГРАНИЦА: Македонец уапсен во Грција по европска потерница за 35 килограми кокаин

ПАДНА НА ГРАНИЦА: Македонец уапсен во Грција по европска потерница за 35 килограми кокаин

Грчката полиција уапсила 46-годишен македонски државјанин по кого италијанските власти распишале европска потерница поради трговија со кокаин, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Македонскиот државјанин бил уапсен во саботата од полициски службеници од Поликастро, откако влегол на територијата на Грција преку граничниот премин „Евзони“.

Според информациите наведени во европската потерница, Италија бара негова екстрадиција за да ја издржи затворската казна што му била изречена за трговија со 35 килограми кокаин.

Случајот за кој бил осуден датира од 2007 година. Според наводите, дрогата била внесена преку Шпанија, а крајната дестинација била Неапол во Италија.

Се очекува уапсениот да биде изведен пред надлежното Обвинителство во Солун, по што треба да започне постапката за негово предавање на италијанските власти.